Англиската полиција ги истражува заканите против македонскиот фудбалер Езѓан Алиоски

пред 3 години

Откако македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски беше вклучен во инцидент со францускиот фудбалер Никола Пепе, двајцата фудбалери добија закани на социјалните мрежи. Нивните клубови, Лидс и Арсенал, ги осудија заканите и расистичките навреди што ги добија игрчите. Дел од нив се упатени и кон семејството на Алиоски.

Лидс и Арсенал испратија јавни соопштенија во кои нагласија дека соработуваат со полицијата, со цел да се откријат и казнат оние што ги испратија заканувачките пораки до играчите.

„Подлото малтретирање на Пепе и Алиоски на социјалните мрежи нема да биде толерирано од Лидс. Ќе соработуваме со полицијата и со фудбалските власти за да се идентификуваат и казнат оние кои се одговорни за тоа“, соопшти тимот на Алиоски, а на сличен начин реагираше и Арсенал.

За потсетување, Пепе заработи црвен картон откако со глава го удри Алиоски, по што тој остана да лежи на теренот. По ова следуваа низа меѓусебни провокации. Дополнително, на крајот од натпреварот, Киеран Тирни сакаше да се степа со Алиоски.

 

Scroll to Top