Халанд „лут“ на Фавр што не му даде да постигне повеќе од четири гола

пред 3 години

Фантастичниот Ерлинг Халанд на шега признава дека му се „налутил“ на тренерот Лусиен Фавр во саботата, откако беше повлечен од игра иако постигна четири гола во импресивната 5:2 победа над Херта Берлин. Херта водеа по првото полувреме со 1:0, но 20-годишниот Норвежанец во второт полувреме беше неверојатен со хет-трик за 15 минути, за да додаде уште еден, пред да биде заменет со 16-годишниот Јусуфа Мукоко, кој стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата. „Да бидам искрен, по натпреварот Фавр ме праша колку гола дадов. Ми рече: ‘Три?’. Не, четири, само четири бидејќи ме извади предвреме. Малку сум лут, но тоа е тоа“, вели во шега Халанд. Фавр ја потврди оваа верзија на настаните. „Вистина е, бидејќи јас не ги бројам само головите, туку и додавањата“, изјави Фавр. Erling Haaland is so good, Favre doesn’t even know how many goals he scored lmao. #BSCBVB pic.twitter.com/EM25xWZMfF — ๒ครՇٱ 〽️ (@BastiMZR) November 21, 2020

Scroll to Top