Хет-трик на Варди во триумфот на Лестер над Манчестер сити

пред 4 години

Лестер го совлада Манчестер сити со 5:2 во гостински натпревар од 3. коло на англискиот фудбалски шампионат. Напаѓачот на „лисиците“ Џејми Варди постигна хет-трик.

Три од петте гола Лестер ги постигна од пенал.

За Лестер ова е трета победа во третиот меч од новата сезона во премиер лигата и со максимални девет бода е прв на табелата.

Манчестер сити остана на три бода по два натпревара.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top