Британски научници почнаа испитувања на нов лек што го блокира развојот на Ковид-19

пред 3 години

Во Обединетото Кралство почнаа клинички испитувања на нов лек против Ковид-19 базиран на антитела, кој го развија Универзитетскиот колеџ на лондонските болници, Националната здравствена служба (UCLH) и AstraZeneca.

Лекот може да спречи лице кое било изложено на коронавирусот да ја развие болеста предизвикана од него, а имунитетот може да трае помеѓу 6 и 12 месеци, пренесува The Guardian.

Новиот лек може да обезбеди моментален развој на имунитет на Ковид-19 и да се користи како итна терапија кај болнички пациенти и корисници на домови за стари лица.

Лекот исто така би бил корисен и за употреба кај членови на домаќинството во кое еден член е заразен со коронавирус, со цел да се спречи другите да се разболат, но исто така и меѓу студентите, кај кои Ковид-19 брзо се шири.

Тимот научници се надева дека тестовите ќе покажат оти лекот обезбедува заштита од Ковид-19 меѓу 6 и 12 месеци. Лекот треба да се зема 8 дена по изложувањето на вирусот.

Се смета дека лекот може да биде достапен во март или април, доколку добие дозвола за употреба по разгледување на резултатите од испитувањата.

Scroll to Top