Руските научници тврдат: Змиски отров помага против Ковид-19

пред 3 години

Руските научници од Институтот за биоорганска хемија при Руската академија на науките тврдат дека фермент од змиски отров помага во лекувањето на заразените лица со Ковид-19.

Истражувањето покажало дека отровот од црната змија (Vipera nikolskii) има можна вируцидна активност против Ковид-19.

Тој вид змија воглавно живее во југозападна Русија и во Украина.

Научниците тврдат дека отровот од црната змија би можело да стане перспективно средство за создавање на нов лек против Ковид-19.

Scroll to Top