Јапонска капсула донесе драгоцени примероци од астероид на Земјата

пред 3 години

По патување долго пет милијарди километри, јапонска капсула која се одвои од Hayabusa 2, донесе скапоцени примероци собрани под површината на астероид. Јапонската вселенска агенција на Twitter соопшти дека во текот на идниот период ќе бидат познати сите детали за мисијата. „Капсулата содржи собран материјал стар 4,6 милијарди години, односно од најраното доба на Соларниот систем“, изјави Макото Јошикава од Агенцијата. Сондата Hayabusa 2 е лансирана на 3 декември 2014 година, а на астероидот Ryugu стигна во јуни, 2018 година. Научниците се надеваат дека примероците ќе им откријат одговори на неколку научни прашања за Сончевиот Систем. Photographs of the fireball captured on-site. Welcome back. (Collection Team M) #Hayabusa2 #はやぶさ2 #AsteroidExplorerHayabusa2 #HAYA2Report pic.twitter.com/b2ThFi33q5 — [email protected] (@haya2e_jaxa) December 5, 2020 Капсулата со примероците слета во пустина на југот на Австралија. Слетувањето на капсулата означува крај на мисијата започната во декември, 2014 година. Сега сондата ќе се пренасочи кон друг астероид во близина на Земјата, на кој треба да пристигне за околу 10 години. Извор: Klix.ba

Scroll to Top