Apple планира да објави сопствен автомобил во 2024. година

пред 3 години

Електричното возило на Apple треба да добие компоненти од тајвански производители

Гласините за таканаречениот Apple iCar траат повеќе од 10 години, односно од времето кога Стив Џобс беше жив, за сега повторно да се појават информации за оваа тема.

Во 2017. година, компанијата доби дозвола да го тестира своето електрично возило без екипаж на патиштата во Калифорнија и потпиша договор со кинеската компанија CATL за развој на технологијата на батерии.

Две години подоцна, проектот познат како Titan, беше стопиран. Сепак, од време на време се појавуваа извештаи дека Aplle нема да развие автомобил, туку автопилот систем  за продажба на други производители. Најновите информации велат дека компанијата сепак се вратила на создавање возило.

Уште во првата половина на 2021 година, тајванските компании Heda, BizLink-KY, Heqin и Tomita, наводно треба да започнат со снабдување на компоненти за мистериозниот модел. Ако сè оди според планот, возилото треба да биде претставено во текот на 2024. година.

Scroll to Top