NASA објави аудио снимка од летот на мини хеликоптерот на Марс (ВИДЕО)

пред 3 години

НАСА објави прва аудио снимка од четвртиот пробен лет на мини хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс изведен ан 20 април, соопшти американската веселенска агенција.

Звукот на елисата на хеликоптерот која се врти со повеќе од 2.500 вртежи во минута едвај може да се слушне, затоа што хеликоптерот е тежок само 1,8 килограми, а бил оддалечен околу 80 метри од микрофонот на роверот „Perseverance“.

Налетите на ветар исто така го пригушуваат звукот на хеликоптерот.

Ова е прва снимка од некој нет на Марс, но иако едвај се слуша претставува многу убаво изненадување, вели планетарниот научник Дејвид Мимоун.

„Ги изведовме сите опити и симулации кои покажаа дека микрофонот тешко го фаќа звукот на хеликоптерот затоа што еатмосферата на Марс е таква што го пригушува ширењето на звукот. Имаме среќа што го снимивме овој звук на таа оддаелеченост“, вели Мимоун.

Тој вели дека снимката претставува рудник со злато за разбирање на атмосферата на Марс.

Scroll to Top