Sony ја повлече Cyberpunk 2077 од PlayStation Store

пред 3 години

Sony одлучи да ја повлече играта Cyberpunk 2077 од продавницата на PlayStation и им понуди на гејмерите враќање на парите.

Играчите се пожалија дека играта е полна со багови и разни проблеми и дека е склона кон „креширање “. На почетокот на неделава, програмерите на играта CD Projekt понуди да им бидат вратени парите на оние кои ја купиле играта и не се задоволни.

Компанијата исто така вети „закрпа“ за решавање на постоечките проблеми, а сè уште не е познато кога Sony Interactive Entertainment (SIE) планира да ја врати играта во продавницата PlayStation.

Во Cyberpunk 2077, играчите се наоѓаат во светот на криминалот каде што можат да купат технологија и да ги подобрат своите тела. Играта првично беше најавена во 2012. година, а потоа исчезна од радарот во 2018 година, а конечно помпезно беше најавена во јуни минатата година со соопштението дека кон проектот се приклучува и актерот Кијану Ривс.

Проблемите со играта најмногу се случуваа на постарите конзоли како PS4 и Xbox One. Решенијата се очекува да стигнат во јануари и февруари 2021. година.

Извор: Klix.ba

Scroll to Top