Биографскиот филм за Мадона ќе ја прикаже и целата уметничка сцена на Њујорк во 1980те

пред 4 години

Светската ѕвезда Мадона (62) откри детали за биографски филм за нејзиниот живот и кариера, кој ќе се фокусира на 1980те години, кога таа се пробивала на музичката сцена. Пејачката во видео-интервју кажа дека таа ќе го реѓира филмот, а на сценариото работи со Дијабло Коди, сценаристката која освои Оскар за „Џуно“ во 2007 година. Поп-кралица раскажа и дека филмот ќе ги долови тешките почетоци што ги имала како уметник, кога како жена се пробивала во машкиот свет. „Филмот ќе биде среќен, тажен, луд, добар, лош и грд. Во него ќе биде опишан мојот развој како уметник во Њујорк во раните 1980-ти години, но и за уметниците од тој период, како Енди Ворхол, Кит Харинг и Жан-Мишел Баскија. Да бидам искрена, тоа е еден од најдобрите периоди во мојот живот и еден од најлошите. Се надевам дека ќе успееме да го доловиме тоа возбудливо време за мене“, рече Мадона. Таа додаде дека филмот нема да биде мјузикл, но ќе содржи доста музика. „Во фокусот на филмот ќе биде музиката. Музиката ме одржуваше… Навистина ме одржуваше во живот. Има толку многу нераскажани и инспиративни приказни од мојот живот, и кој може да ги раскаже подобро од мене? Важно е да го споделам тоа патување, тоа возење со луда железница, каков што е мојот живот и мојот глас и сѐ што луѓето гледаат. Коди има напишано сценарио од 107 страници, па очекувам филмот да трае околу два часа“, кажа Мадона за филмот кој сѐ уште нма име.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top