Почна снимањето на македонскиот филм „Северниот Пол”

пред 3 години

Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот Пол“, работен по сценарио и во режија на Марија Апчевска. Филмот е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот на Апчевска беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019.

Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија.

Снимањето на „Северниот Пол“ ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица, а постпродукцијата во Будимпешта и Белград. Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Scroll to Top