(Видео) Банкари го прифатија предизвикот да танцуваат на Jerusalema среде Скопје

пред 3 години

Дваесетина банкари од Скопје се снимија како танцуваат во центарот на градот на хитот Jerusalema. Танцувањето на Jerusalema, стана еден од најпознатите и најинтересни предизвици кои се шири по социјалните мрежи, за време на пандемијата со коронавирус.

Популарната песна за кратко време стана голем хит и беше прифатена од голем број фанови ширум светот. Многумина се снимаат додека танцуваат на неа, а видеата ги објавуваат на социјалните мрежи, тикток и youtube каналите.

Песната е на диџејот Номчебо од Јужна Африка, кој ја објави на 10 јули 2020 година.

Scroll to Top