(Видео) Бендот „Фикшн“ објави нова песна и видео спот

пред 3 години

„Дали знае?“ е четвртата песна на скопскиот поп-рок состав „Фикшн“, за која е објавен и видео запис.

Песната ги спојува звуците на поп-музиката од ’80те и ’90те години, со модерниот рок звук.

Текстот и музиката се на гитаристот на „Фикшн“, Виктор Захариев.

„Оваа песна е најава за албумот на кој работиме и планираме да го издадеме кога ќе се стабилизира состојбата со пандемијата. Текстот и музиката се инспирирани од лични искуства и настани“, рече Захариев.

Аранжманот за песната го направија сите членови на бендот: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани). Аудио продукцијата е на Виктор Захариев и Виктор Георгиевски, кој е одговорен и за миксот и мастерот на песната.

Спотот е составен од инсерти од секојдневието на бендот во изминатите години, а го монтираа Steady Flow.

Scroll to Top