Возач се заби во терасата кај „Манда“ и избега

пред 3 години

Рано утрово автомобил влета во терасата на скопското кафуле „Манда“ на почетокот на булеварот „Партизански одреди“ кај семафорите со улицата „Даме Груев“. Возачот изгубил контрола над колата, направена е материјална штета, а според очевидци нема повредени.

„Стаклата се затемнети и личи како да е службено возило. Возачот беше повозрасен и веднаш избега, а колата по него одма дојдоа да ја однесат. Веднаш по незгодата и Комунална за кратко време дојде да исчистат“, раскажуваат очевидци за „Репортер“.

Scroll to Top