1296 лица се лекуваат во Скопје и во ковид центрите во земјава

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти позитивни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежи 56 пациент, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Scroll to Top