Временска прогноза за наредната недела, од утре големи промени

пред 3 години

Следува период на потопло време со температури кои на крајот на следната недела ќе достигнат 29 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на потопло време, со значително затоплување од средината на следната седмица, а во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Утре дневната температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, во понеделник од 17 до 24, вторник од 17 до 23 степени, среда од 19 до 25, четврток од 21 до 28 и петок од 23 до 29 степени.

Утринсктите ќе бидат меѓу 1 и 10 степени утре и задутре, а од вторник од 5до 13 степени.

Scroll to Top