Гери Невил: Се надевам дека Меси нема да има успеси во Манчестер сити

пред 4 години

Гери Невил смета дека се мали шансите Лионел Меси да ја напушти Барселона, но доколку тоа се случи сигурен е дека Аргентиенцот ќе заврши во Манчестер сити. Мес, во вторникот, побара од клубот да го раскине договорот кој истекува на 30 јуни 2021 година. „Идејата дека Барселона би можела да остане без својот најдобар играч и дека тој кариерата нема да ја заврши на ноу Камп ми се чини како нестварна. Дали тој навистина сака да замине? Можеби. Сепак, сигурно е дека ќе мора да има состанок со претседателот, потоа ќе реши да остане“, смета поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед. „Доколку дојде во Премиер лигата тоа ќе биде поради Пеп Гвардиола. Дали би сакал да го видам тоа? Да, би сакал да го гледам одблиску Меси. Се надевам дека нема да биде многу успешен“, заклучил Невил.

Scroll to Top