Ла лига на страната на Барса: Клаузулата од 700 милиони евра за Меси е валидна

пред 4 години

Шпанската Ла лига се стави на страната на Барселона во спорот со Лионел Меси, потврдувајќи дека тој може да замине од клубот само доколку некој ја плати лудата сума од 700 милиони евра во неговиот договор. Меси минатата недела ги извести Барселона дека бара трансфер, и тврдеше дека во неговиот договор има клаузула со која може да замине бесплатно на крајот на сезоната, иако рокот за таа клаузула технички изминала во јуни. Тој не се јави на тестовите и тренинзите на клубот, влегувајќи во војна со својот тим, кој сега доби поддршка од шпанската Лига. „Во однос на различните интерпретации кои беа објавени во последните денови во медиумите околу договорот на Лионел Андрес Меси со ФЦ Барселона, Ла лига смета дека е потребно разјаснување. Договорот има клаузула за ’терминирање’ која завршува на 26 јуни секоја година“, се вели во објавата на Ла лига. По ова, можеме да очекуваме долга и непријатна легална битка на Меси и Барселона. Nota informativa. — LaLiga (@LaLiga) August 30, 2020

Scroll to Top