Индијанското племе Чироки бара од „Џип“ да го смени името на нивното возило

пред 3 години

Поглавицата на американското индијанско племе Чироки, Чак Хоскин, побара од американската компанија „Џип“ да го смени името на нивниот модел Чироки, кој се произведува скоро 50 години. Тој вели дека веќе нема да толерира компанијата да го користи името на неговото племе.

„Мислам дека дојде време во оваа земја компаниите и спортските тимови да ги повлечат имињата, фотографиите и маскотите на Индијанците од своите производи, маици и тимови. Сигурен сум дека никој нема лоша намера во сето ова, сепак, не чувствуваме чест автомобилот да го носи името на нашето племе затоа што трае подолго отколку што е основана компанијата Џип“, рече Хоскин.

Тој додаде дека не очекува компанијата веднаш да го смени името, но нагласи дека племето не одобрува употреба на името Чироки за таа намена.

Џип, пак, објави дека имињата на нивните автомобили се внимателно избрани и дека тие одлучиле да именуваат еден модел Чироки со цел да им оддадат почит на Индијанците заради нивната благородност, храброст и гордост.

„Најдобар начин да нè почестат е да имаме поактивна улога во оваа земја, да дознаат за нашата историја, култура, јазик и да имаме конструктивен дијалог со племињата признати од федералната влада и нивната култура“, рече Хоскин.

„Џип“ го претстави моделот Чироки во 1974 година, по што следеа неколку модели.

Scroll to Top