Енди Џеси ќе го смени Џеф Безос на директорското место во „Амазон“

пред 3 години

Енди Џеси ќе биде новиот извршен директор на компанијата „Амазон“, функција која досега ја извршуваше сопственикот и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос. Џеси досега раководел со единицата за клауд компјутинг (технологија на облак).

Безос во средата најави дека ќе се повлече од оваа функција, со цел да се фокусира на неговите други интереси. Приоритети му се фондот „Ден 1“, кој дава милиони долари на организациите кои се борат против бездомништвото и финансирање и изградба на предучилишни установи.

Ваквите установи се градат за семејства со ниски примања. Безос исто така ќе се фокусира и на неговиот Земјини фонд, кој финансира иницијативи за климатски промени.

Безос, исто така сака да посвети време на неговата комерцијална вселенска компанија Blue Origin и на Вашингтон пост, кои ги поседува од 2013 година.

Џеси е близок и доверлив човек на Безос, кој се приклучил на „Амазон“ во 1997 година и работел како негов технички асистент. Тој учествувал во контроверзната одлука за повлекување на платформата „Парлел“ од веб сервисите на „Амазон“.

Ваквата одлука била донесена по немирите во Капитол, потег за кој што подоцна добил голем број пофалби, но истовремено и тужба од десничарската мрежа која особено е популарна меѓу теоретичарите на заговори.

Од „Амазон“ истакнаа дека компанијата не била во состојба ефикасно да ги држи повиците за насилство од својата платформа. Од „Парлел“ пак ги тужеле „Амазон“, обидувајќи се да ја вратат акцијата и да се вратат на интернет.

Џеси во моментов е и извршен директор на „Амазон веб сервиси“. Станува збор за профитабилна единица за складирање на податоците во облак на „Амазон“. Оваа единица учествувала со 67% од оперативниот профит на целата компанија во последниот квартал.

Особено зголемена била побарувачката за оваа технологија, во времето на пандемијата со коронавирусот. Под водство на Џеси, оваа единица ги надминала и големите компании како што се „Гугл“ и „Мајкрософт“, а привлекла и големи клиенти како што е „Зум“.

Аналитичар во „Ведбуш Секјурити“ за Џеси изјавил дека е еден од најмоќните лидери не само во технологијата на облак и во технолошкиот сектор, туку и во светот на бизнисот.

.

Scroll to Top