Ким Кардашијан ги покажа своите облини во микро бикини со змиски дезен

пред 4 години

Ким Кардашијан продолжува да се фокусира на себе во период во кој, според таблоидите, не ѝ цветаат рози во бракот со Канје Вест.

39-годишната sвезда на ријалити серијалот ,,Дружење со семејството Кардашиан (Keeping Up with the Kardashians) повторно се појави на својот Инстаграм во понеделникот вечерта, овој пат објави три секси фотографии на кои позира во бикини со змиски дезен покрај инфинити базен.

Својата најнова објава на Инстаграм ја наслови „Ноќно пливање“.

Весниците пишуваат дека ова најверојатно е базенот на нејзината мајка Крис Џенер на семејниот мултимилионски имот Ла Квинта во близина на Палм Спрингс, бидејќи позадината наликува на фото-сесијата на нејзината постара сестра Кортни заедно со најблиската пријателка Адисон Ре.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top