Автомобили чии сопственици ги чуваат најдолго во своите гаражи

пред 3 години

Лојалноста на купците е нешто што автомобилските компании исклучително го ценат, особено кога возачите ги задржуваат нивните возила со години. Тоа е еден од главните индикатори кои се однесува на лојалноста, трајноста и квалитетот на изработката на возилата.

Судејќи според најновите резултати од истражувањето кое го спровело сајтот iSeeCars, се чини дека сопствениците на брендот Toyota се најлојални купци и тие ги задржуваат своите возила и во просек од преку 15 години.

Било направено истражување во кое учествувале преку 660.000 возила, произведени меѓу 1981 до 2005 година, а кои биле продадени во 2020 година.

Целта била да се утврди кои модели на автомобили можат најдолго да останат кај своите сопственици, а истражувањето се однесувало на побарувачката на американскиот пазар.

Резултатите покажале дека 7 од 10 автомобили, кои најверојатно остануваат во сопственост кај еден купец, преку 15 години, доаѓа од една „куќа“ со вкупен процент од 6,1%. Станува збор за Toyota, чиј модел Prius, останал во сопственост дури 2,2 пати подолго од просекот.

Односно 13,7 од петнаесетгодишните примероци на автомобили биле најдени во гаражите на првите сопственици. По него следи теренецот Highlander, со 12,4%, што е двојно повеќе во однос на просекот. Tacoma, Sienna и Tundra се следните модели на оваа листа со 11%.

Интересно е тоа што преостанатите три возила во топ 10 се од јапонски бренд. На шестото место е Honda CR-V, следи SUV Honda Pilot, додека Subaru Forester, Toyota 4Runner и Тoyota Sequia ги заокружуваат првите десет на оваа листа.

Оваа листа и не е за изненадување до толку што возилата на Toyota и Honda е позната по издржливоста и безбедноста, а сопствениците на нив, особено оние кои се рационални, не сакаат нивните лимени миленици да им задаваат главоболки и големи трошоци  поради честите дефекти.

 

Scroll to Top