Кралицата лансираше џин, 50 фунти за шише од алкохолот на Елизабета

пред 3 години

Британската кралица Елизабета Втора отпочна свое сопствено производство и продажба на џин, пренесува „Дејли Мејл“. Напивката, наречена „Sandringham Celebration Gin“, се произведува во дестилерија на имотот на кралицата во северен Норфолк. Ќе се продава во шишиња од 500 милилитри – едно за 50 фунти. Според порталот, џинот е еден од омилените алкохолни пијалаци на Елизабета Втора. А, ова е трет бренд алкохол, што произлегол од кралското семејство.

Бакингамската палата во јули го претстави џинот „Royal Collection Trust“, а неколку месеци подоцна, синот на кралицата – принцот Чарлс го пушти напитокот „Highgrove“ во продажба.

Scroll to Top