Македонскиот филм „Налепница“, во трка за Оскар

пред 4 години

Краткиот филм на Горги Унковски, „Налепница“, влезе во трката за номинација за Оскар, откако вчера победи на 18. издание на Меѓународниот фестивал „Ин д палас“, кој се одржа во Софија. „Налепница“ во јануари имаше премиера на престижниот американски фестивал на независни филмови Санденс. Ова е трета година по ред како македонски филм успева на реномираниот Санденс, а два пати да се квалификува за Оскар. „Налепница“, кој е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, веќе бележи голем успех на филмски фестивали во цел свет. Продуцентот „Синема футура“ објави дека за 9 месеци играл во официјална конкуренција на 135 фестивали, освоил 20 награди и имал дистрибуција на „Топик“, „Канал + Шпанија“ и „ХБО Европа“. Главната лик во „Налепница“ го глуми Сашко Коцев, кој на фестивал во Италија доби награда за најдобра улога. Играат и: Соња Стамболџиоска, Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа, Димитрија Доксевски, Џевдат Јашари и др.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top