Маск сака да ги чипира луѓето, но не сака да ја прими вакцината против коронавирусот

пред 4 години

Познатиот милијардер Илон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да ја примат вакцината против коронавирусот, кога таа ќе стане достапна. Во гостувањето во подкастот „Свеј“ во организација на „Њујорк тајмс“, Маск изјави дека тој и семејството не се во ризик од вирусот. Ваквата негова изјава голем број на теоретичари на заговор ја протолкуваа како знак дека тој не верува во ефикасноста на лекот и дека преку истата веројатно мал број на моќници имаат намера да стават контрола врз човештвото. Многумина од заговорниците пишуваат на социјалните мрежи дека Маск попрво би им ставил чипови во главите на луѓето, отколку вакцина. Директорот на „Тесла“ одговараше на прашањата на новинарката Кара Свишер, пред целата американска јавност и ги повторно своите контроверзни ставови кои ги има за коронавирусот и карантинот во САД. Тој вирусот го нарече глуп, а општата сопстојба е обична паника. „Во основа исправната работа не би морала да биде карантин за целата земја, но мислам дека секој кој е во ризик од вирусот, треба да биде во карантин додека не оздрави“, изјавил Маск. Во март тој изјавил дека жестоко ќе се противи на препораките на Калифорнија за луѓето да останат дома, опишувајќи го карантинот како присилно жртвување и фашизам. Маск претходно одби да ја испочитува забраната од властите во округот Аламеда во Калифорнија, каде е сместена една од неговите фабриките на „Тесла“, да произведува автомобили. Тој изјави дека е подготвен да биде уапсен. Во интервјуто со Свишер тој објасни дека неговата изјава била претерана и дека само се шегувал кога изјавил дека бил подготвен да биде уапсен.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top