Неделен хороскоп од 15 до 21 февруари: одличен период за ракот, љубовно разочарување за бикот

пред 3 години

ОВЕН

Некои работни односи ќе мора да ги расчистите, особено ако се занимавате со приватен бизнис, затоа што партнерите ќе бараат многу. Тајната врска во која сте, би можела да ви пречи, и не би можеле тек така лесно да ја прекинете. Направете целосна проверка на организмот.

БИК

Може да дојде до караница со раководните лица и со авторитетите. Избегнувајте да го изнесувате своето мислење, затоа што работите сами против себе. Ќе видите дека партнерот не е заинтересиран за повеќе од што сте мислеле. Ќе ви годи престој во природа.

БЛИЗНАЦИ

Проблемите се појавуваат еден за друг. Многу очекувате од претпоставените, но засега има само ветувања. Актуелно е прашањето на заеднички живот и планирање на бременост. Околу тоа прашање совет ви е да забавите. Чувствителни ви се зглобовите и кожата.

РАК

Стабилните приходи во голема мера ви се помош да ги покриете долговите и барања од минатото. И натаму го испитувате партнерот и се замислувате себе си во тој однос на долги патеки. Има уште нешто да се реши пред да донесете сигурна одлука. Време е малку да се опуштите.

ЛАВ

Не сте во целост задоволни како се одвива ситуацијата на работа, сметате дека на некој начин сте потценети и без вистинска причина сте тргнати на страна. Бидете тука за своите пријатели, доаѓа време кога нивната поддршка ќе биде непроценлива. Можни се мали проблеми со притисок.

ДЕВИЦА

Целото внимание ќе го насочиме на подобрување на комуникациите и соработка со колегите и работните партнери, и на резултати нема да може долго да чекате. Ако имате било каква емотивна желба, сега е момент да ја остварите. Избегнувајте ги цигарите.

ВАГА

На финансиски план ќе биде нестабилно може да имате големи парични издатоци. На љубовното поле ситуацијата е повеќе од интересна. Се трудите да допрете до срцето на една личност. Може да имате стомачни тегоби.

СКОРПИЈА

Искористете го денот за краткорочни работи или оние на договор за се да завршите на лесен начин. Бидете искрени кон партнерот и не дозволувајте вашиот живот да влезе во недоверба, а подоцна и до нетрпеливост.

СТРЕЛЕЦ

Овој ден може да ви донесе одредени потешкотии, послаба заработувачка со колегите или вашите идеи претпоставените, едноставно, да не ги разбираат. Ако сте осамени и емотивно неисполнети, почекајте, тргнуваат нови познанства. Проверете ја крвната слика.

ЈАРЕЦ

Ќе се борите со напнати работни ситуации, во кои ќе мора да дадете најдобро од себе за да го одработите на вистинскиот начин. Ако сакате да решите некоја стара караница или недоразбирање, немојте да одложувате. Очекувајте пад на енергијата.

ВОДОЛИЈА

Соработниците ќе поставуваат високи барања пред вас и сега вашата организираност и подготвеност на детална аналитичка работа ќе биде на тест. Сега е време за атрактивни и позитивни случувања на емотивното поле. Одморајте од секојдневните обврски.

РИБИ

Време е конечно да излезете од сенка и да го завземете местото кое заслужено ви припаѓа во работната хиерархија. Блискоста со партнерот ќе спласне до крајот на денот, па можете да се свртите кон другите интереси. Посветете се на своето здравје и на исхраната.

Scroll to Top