Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

пред 3 години

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да даде предлог да работат и до 23 часот.

Додека да се донесе конечната одлука, познато е само дека угостителите од идниот четврток ќе работат по старото скратено работно време, до 21 часот. Ваквата одлука здравствените власти ја темелат на намалениот број хоспитализирани пациенти во болниците.

„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21.о1., евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече министерот Венко Филипче.

Рестрикцијата за угостителите и работното време до 18 часот беше донесена пред новогодишните празници. Владата, тогаш, го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за скратеното работно време со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.

Scroll to Top