Полицијата растури роденденска журка во Скопје со многу дрога и пари

пред 3 години
Група од тринаесет млади луѓе вчеравечер правеле роденденска журка во центарот на Скопје. Тие на забвата се дрогирале, кога полицијата упаднала во станот и ги фтила  на лице место. Од  МВР  ја потврдја веста, и кажа дека во друштвото сите биле на возраст од 21 до 31 година.  Тие освен што не се придржувале на забраната за организирање на прослави заради пандемијава и славеле роденден , биле фатени и како се дрогираат.
На роденденската забава имало  различни видови дрога: кокаин, амфетамин, марихуана и екстази, како и масло од хашиш.  Во станот била пронајдена и поголема сума на пари, за која МВР накнадно ќе истражи. Од таму го потврдија случајот и кажаа дека ќе бидат поткренати соодветни пријави.
Scroll to Top