Македонскиот пејач Зоран Георгиев почина во 77-та година од животот, по кратко боледување. Тој почина во Белград, каде што живееше изминатите децении. Роден е во Охрид, а ќе остане запаметен по македонскиот евергрин „Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја со Нина Спирова и заедно победија. Георгиев во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.
Почина Зоран Георгиев , запаметен по евргринот „Еден бакнеж“
пред 4 години