Почина легендарниот француски дизајнер Пјер Карден

пред 3 години

Легендарниот француски дизајнер Пјер Карден почина во болница близу Париз на 98 години,. Веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство. Познатиот дизајнер важи за револуционер во модата со неговите футуристички и стилски дизајни во 1950те и 1960те години. Тој беше и пионер во модниот бизнисот, аи со неговото име брендираше голем број продукти.

„Ова е тажен ден за нашето семејство. Пјер Карден го нема повеќе. Ние сме многу горди на неговите амбициозност и смелоста кои ги покажуваше во животот“, стои во соопштението од семејството.

Пјер Карден е роден во Италија во 1922. Како дете се преселил во Франција. Кариерата во модата ја почнал соработувајќи со имиња како Диор, и ги дизајнирал костимите за филмот на Жан Кокто „Убавицата и ѕверот“ од 1946 година.

Scroll to Top