Почина првиот Британец заразен од корона една година откако ја победи болеста

пред 3 години

Конор Елис Рид, првиот Британец заразен со коронавирус, почина скоро година дена откако ја победи болеста. Неговото тело било пронајдено во студентски дом во Велс во октомври 2020 година, а британските медиуми сега јавија за неговата смрт.

Елис Рид (26), студент по кинески јазик, се смета дека е првиот Британец кој се зарази со Ковид-19 во ноември 2019 година, додека живееше и работеше како учител во Вухан, Кина.

Неговото тело лани во октомври го пронашле неговите колеги од универзитетскиот кампус во Велс. Обдукцијата покажала дека причина за смртта била респираторен застој поради бронхопневмонија, која се појавила како последица од употреба на комбинирани дроги.

Scroll to Top