Почина Шпанецот Хуан Борха, кој го освои интернетот со своето „заразно“ смеење

пред 3 години

Хуан Хоја Борха, Шпанецот кој стана познат ширум светот откако неговата карактеристична смеа го освои интернетот, починал вчера.

Според шпанските медиуми, Борха починал по тешка болест поради која бил во болница во текот на минатата година.

Во родната земја, тој беше познат по настапот во шоуто „Ratones Coloraos“.

Комичарот и ТВ-ѕвезда починал во 66-тата година од животот.

Scroll to Top