Почина Лу Отенс, човекот кој ја создаде аудио касетата

пред 3 години

Креаторот на аудио касетата и пионерот на ЦД-технологијата, Лу Отенс, почина на 94 годишна возраст. Отенс починал во неговиот дом во Дуизел, во северна Холандија.

Отенс започнал да работи за компанијата „Филипс“ во 1952 година. За една година со неговиот тим со создале првиот преносен снимач на касети, кој се продал во повеќе од милион примероци.

Како што пренесува порталот „Дач њуз“, Отенс, по две години откако го созладе снимачот на касети, успеал да го модифицира и магнетофонот и да го претвори во касета.

Многу години подоцна, Отенс започнал да развива ЦД-технологија за „Сони“ и „Филипс“, која беше продадена во повеќе од 200 милијарди примероци.

Се пензионирал во 1986 година, но цело време одбивал да ги преземе заслугите за учеството во технолошката еволуција, што им овозможи на милијарди луѓе да слушаат музика.

„Сето тоа беше тимска работa“, постојано велел Отенс.

Scroll to Top