Претставничката на Мексико е Мис Универзум 2021

пред 3 години

Мис Мексико, Андреа Меза, е прогласена за Мис на Универзум 2021, на изборот што се одржа на Флорида, САД. За придружнички на 26-годишната Меза беа избрани претставничките на Бразил и Перу.

Изборот се одржа како телевизиско шоу, откако натпреварот во 2020 година беше откажан поради пандемијата. Поранешните победнички на Мис Универзум, Чесли Крајст, Паулина Вега и Деми-Ли Тебоу го коментираа натпреварот, а жири од осум дами ја избра победничката.

Меза победи во конкуренција на над 70 натпреварувачки од цел свет.

Scroll to Top