Пронајден мртов рускиот доктор кој го лечеше Навални по труењето

пред 3 години

Докторот кој го лекуваше рускиот опозиционер Алексеј Навални во болницата во Омск, д-р Сергеј Максимишин бил пронајден мртов. Првите извештаи велат дека крвниот притисок на Максимишин, одеднаш му се зголемил и дека починал од срцев удар.

Максимишин починал на одделот за интензивна нега каде што Навални се наоѓаше на лекување, но властите негираа дека тој добил ковид-19. Веста први ја објавија преку соопштение од болницата во која Сергеј работеше како заменик-шеф.

„Со жалење ве известуваме дека заменик-главниот лекар за анестезиологија и реанимација, професор на Државниот медицински универзитет во Омск, доктор на медицински науки Максимишин Сергеј Валентиновиќ ненадејно почина“, објавија од болницата во Омск.

Тоа беше откриено во Германија каде што беше пренесен на лекување.

 

Навални беше примен во одделот за итни случаи во болница во Омск на 20 август лани, откако му се слоши во авион. За време на хоспитализацијата Максимишин не одржа ниту еден прес.

Леонид Волков, шеф на кабинетот на Навални, потврди дека Максимишин бил одговорен за лекување на опозицискиот лидер.

„Сергеј Максимишин беше шеф на одделот каде што се лекуваше Алексеј Навални и беше одговорен за неговото лекување, особено за да ја следи неговата медицински предизвикана кома. Тој знаеше повеќе од кој било друг за состојбата на Алексеј, па не можам да ја исклучам можноста дека ова е кривично дело“, изјави Волков за Си-ен-ен.

Од друга страна, додаде тој, рускиот здравствен систем е многу лош и не е невообичаено лекарите на неговата возраст да умрат ненадејно.

„Се сомневам дека ќе има истрага за неговата смрт“, додаде Волков.

Министерот за здравство на регионот Омск кажа дека Максимишин работел во болницата 28 години.

Scroll to Top