Путин стои зад труењето на Навални

пред 4 години

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални не се сомнева дека претседателот на Русија, Владимир Путин, стои зад неговото наводно труење. Тој вели дека 100% е убеден во тоа и дека не се плаши од него. „Тврдам дека Путин стои зад овој злостор и немам ниту една друга верзија за тоа што се случи“, изјавил Навални во интервју за германски „Шпигл““. Само еден дел е објавено од интервјуто, а во наредниот период се очекува истото целото да биде пуштено во јавност. За потсетување на Навални му се слоши во авион додека бил на турнеја низ Сибир. Тој веднаш бил префрлен во болница во Омск каде паднал во кома, а потоа и во Берлин. Германските лекари изјавија подоцна дека Навални бл отруен со пресилен нервен гас новичок. Навални во моментот кога нервниот гас почнал да делува, изјавил дека не чувствува никаква болка, но дека знаел дека умира. Сега вели дека сака да се врати во Русија. „Мојата задача е да останам бестрашен. И јас немам страв“, изјавил критичарот на Кремљ за „Шпигл“, пренесува „Ројтерс“. Западот, како што наведува „Ројтерс“, барал објаснување од Кремљ, кои негира било каква вмешаност во инцидентот.

Scroll to Top