Рекорден трансфер – Лидс го претстави Морено

пред 4 години

Лидс Јунајтед го официјализираше трансферот на Родриго Морено. Лидс за напаѓачот на Валенсија и плати 26 милиони фунти. Шпанскиот репрезентативец со Лидс потпиша четири годишен договор. Трансферот на Родриго е најголем о историјата на клубот. Претходниот рекорден трансфер беше поставен во 2000 година кога Лидс за Рио Фердинанд на Вест Хем им платија 18 милиони фунти. ✍️ #LUFC are delighted to announce the signing of Rodrigo from Valencia for a club record transfer fee — Leeds United (@LUFC) August 29, 2020 „Среќен што дојдов во Лидс. Ова ќе биде важна сезона за сите нас. Сакам да му се заблагодарам на клубот, ова е значаен чекор во мојата кариера. Сакам да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, рекол Родриго. Валенсија во вторникот обајви дека играчот кариерата ќе ја продолжи во Лидс. Претпладнево Родриго ги минал медицинските тестови по што официјално стана фудбалер на Лидс Јунајтед.

Scroll to Top