Семејството на Верица Белчовска, чии органи беа донирани, ќе добие стан на користење во Струмица

пред 3 години

Семејството на Верица Белчовска, девојката која загина во сообраќајна незгода и чии органи беа донирани за да се спасат три животи, ќе добие стан на користење во Струмица. Ова го одлучи Комисијата за станбени прашања при Владата. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оваа одлука ја објави на „Фејсбук“.

„Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, за скромно да му се оддоли на ова семејство, на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата, со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица“, стои во статусот.

Министерот вели и дека семејството Белчовски ги помести вредностите во општеството, а граѓаните на Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Scroll to Top