Скандал во Брисел, на геј оргии уапсен пратеник од ЕП и близок соработник на Орбан

пред 3 години

Еден од основачите на унгарската владејачка партија Фидес, Јозеф Сајер, кој во неделеата изненадувачки поднесе оставка од местото пратеник во Европскиот парламент, потврдил дека учествувал на геј забава за време на полицискиот час во Брисел.

Сајер изјавил дека ги прекршил мерките во Белгија, против пандемијата на коронавирусот и му се извинил на семејството, колегите и неговите гласачи.


Дваесет луѓе, вклучувајќи го и него и засега непознати диплмати, парично се казнети, откако во петокот вечерта учествувале на приватна забава на која имало секс, дрога и алкохол.

Сајер е еден од најблиските соработници на конзервативниот унгарски премиер, Виктор Орбан. Бил член на комисијата која го подготвувала нацртот на новиот устав од 2012 година, во кој стои дека Унгарија мора бракот да го штити како заедница на маж и жена.

На крајот на 1990 години, тој студирал на Оксфорд како стипендист на фондацијата Џорџ Сорос, кого Орбан и Фидес го обвинија за нарушување на традиционалните вредности на унгарското општество.

Според пишувањата на белгиските медиуми, спорнзата забава се случила во време на полициски час, кој од 22 часот, до шест часот утрото е на сила во Брисел.

Забавата била организирана на првиот кат од зградата над еден геј бар Le Detour, во самиот центар на Брисел, непосредно кај градското собрание.

Во акцијата биле уапсени 25 лица. Имало многу алкохол, дрога и групен секс, пренесуваат медиумите. Кога полицијата упаднала, повеќе луѓе биле голи, а еден маж се обидел да побегне и во исто време се повредил.

Пододцна е утврдено дека станува збор за пратеникот од Европскиот парламент, кој се повикал на пратеничкиот имунитет. Сите кои биле затекати на забавата, биле парино казнети и ослободени.

 

 

 

Scroll to Top