Скопски ученици ги создадоа првите стикери со македонски знаковен јазик за Вибер

пред 3 години

Учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје учествуваа во изработката на првите стикери со македонски знаковен јазик за комуникациската платформа „Вибер“.Идејата е да се поедностави мрежната комуникација помеѓу младите кои имаат оштетен слух и говор, ама и да им се доближи овој јазик на останатите корисници на Вибер.

Во рамките на проектот ,,Одговорна иднина” во училиштето се одржаа повеќе работилници за графички дизајн под менторство на Јана Марковска, на кои учениците ги создадоа своите први персонализирани стикери. За работилниците тие имаа помош од и поддршка од педагогот и толкувач Викторија Волак. Во создавањето на стикерите е користена модернизирана дворачна знаковна азбука,која ја изработи Лазар Ѓиков, поранешен ученик во „Партенија Зографски“.

Проектот ,,Одговорна иднина” е во организација на Македонското модно здружение.

Scroll to Top