(Видео) Русинката Маша ја објави својата прва песна на македонски

пред 3 години

Младата пејачка од Русија, Маша ја објави својата прва песна на македонски „Дали ќе дознаеш“. Автор на песната е Панче Касапски, текстот е на Огнен Неделковски, a аранжманот е на Лазар Цветковски. Спотот е во режија на Даниел Јовески.

Маша ни кажа дека е задоволна од сработеното и за тоа како звучи песната. Сигурна е дека ќе и се допадне на многумина и дека брзо ќе ја осви публиката.

„Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Искрена да бидам, јас не ги познавам многу луѓето кои се занимаваат со музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да изберам да работам со оваа екипа“, ни кажа Маша.

Таа во моментов живее и учи во Македонија, а во иднина планира уште многу нови песни на македонски јазик.

 

Scroll to Top