(Фото) „Буба Мара“ и општина Аеродром светнаа во сина боја по повод Светскиот ден на аутизмот

пред 3 години

Детската градинка „Буба Мара“, во Ново Лисиче и зградата на општина Аеродром светнаа во сина боја по повод 2 Aприл, Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизам.

Дечињата од „Буба Мара“ 1, возрасна група од 4-5 години и хетерогена група од 4-6 години, ја дадоа својата поддршка преку изработка на сложувалка и сина светилка како симбол и ја испратија пораката „Да станеме свесни и одговорни за оваа состојба“.

„Да зборуваме гласно, да се информираме и едуцираме сè повеќе за аутизмот кој носи свои посебности“, порачуваа дечињата и нивните воспитувачи.

Градинката „Буба Мара“ има комплетен стручен тим, кој во соработка со воспитно-згрижувачкиот кадар ги поттикнува децата да ги истакнат своите потенцијали и можности преку работилници, едукација и други активности.

Scroll to Top