Фудбалската репрезентација ги започна подготовките за дуелите против Ерменија и Грузија

пред 4 години

Македонската А фудбалска репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Ерменија и Грузија од Лигата на Нациите. Натпреварот против Ерменија е закажа за 5 септември во Скопје, додека против Грузија ќе се игра три дена подоцна во Тбилиси. Сите репрезентативци беа тестирани на коронавирусот на барање на селекторот Игор Ангеловски, а откако резултатите потврдија дека нема позитивни на Ковид-19, попладнево на „Градски“ беше одржан и првиот тренинг пред мечот со Ерменија. Ангеловски со тоа ќе може да смета на сите повикани за пресметката во сабота во Скопје. Текстот Фудбалската репрезентација ги започна подготовките за дуелите против Ерменија и Грузија е превземен од А1он .

Scroll to Top