Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги демантираат извештаите за нивна разделба

пред 3 години

Латино дивата Џенифер Лопез и поранешната бејзбол sвезда на „Њујорк Јенкис“, Алекс Родригез, во саботата рекоа дека работат на некои несогласувања во нивната врска и дека извештаите за нивна разделба по речиси четири години заедно биле неточни.

Американски шоубиз медиуми објавија викендов дека Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прекинале веридбата и веќе не живеат заедно. Наводно, причината за разделбата е што Родригез премногу се зближил со реалити-ѕвездата Медисон Лекрој.

„ТМЗ“, „Пејџ сикс“, „Њујорк пост“ и повеќе портали со вести за селебрити-личности во петокот цитираа неидентификувани извори блиски до Џенифер и Алекс кои тврдеа дека парот ја прекинал веридбата.

„Сите извештаи се неточни. Средуваме некои работи “, рекоа Лопез (51) и Родригез (45), еден од најпознатите селебрити-парови во САД, во заедничката изјава дадена за „Ројтерс“.

51-годишната музичарка и 45-годишниот спортист се свршија на Бахамите во 2019 година, по двегодишна врска. Тие планираа да стапат во брак, но пандемијата со коронавирусот двапати ја одложи реализацијата на свадбата.

Неименуван извор за списанието „Пипл“ изјави дека тие никогаш не се разделиле, но разговарале за тоа.

„Тие имаа мала криза“, рече изворот, додавајќи дека гласините што го поврзуваат Алекс со Медисон Лекрој воопшто немаат никаква врска со моменталната расправија.

„Таа работи во Доминиканската Република, а тој е во Мајами, затоа е тешко да се гледаат особено во услови на карантин и Ковид“, изјави изворот за „Пипл“.

Веста за наводната разделба на еден од најпознатите селебрити парови дојде неколку месеци откако некои таблоиди ја обелоденија наводната афера на Родригез со Медисон (31).

Џеј Ло беше три пати мажена. Од бракот со латино пејачот Марк Ентони има близнаци Ема и Максимилиан. Алекс од бракот со Кејтлин ги има децата Наташа и Ела. Тие како семејство живеат четири години.

 

Scroll to Top