Џорџ Клуни вели дека Том Круз не претерал со реакцијата за прекршување на Ковид протоколите

пред 3 години

Една од најголемите холивудски sвезди проговори за заканата на Том Круз кон екипата на „Невозможна мисија“ и застана во одбрана на својот колега.

На радио-емисијата на Хауард Стерн, Џорџ Клуни рече: “Тој (Том) не реагираше премногу затоа што тоа е проблем. Имам пријател кој е помошник режисер во друга ТВ-серија, кој имаше речиси идентична ситуација“.

59-годишниот Клуни беше во емисијата за да го промовира својот нов филм „Полноќно небо“.

Во средата, британскиот весник „Сан“ објави дека Том Круз во текот на снимање сцени во Лондон на новиот филм „Мисија: невозможно“ им се заканил со откази на сите од екипата кои очигледно ги прекршиле безбедносните протоколи за „Ковид-19“ стоејќи премногу блиску еден до друг.

Иако негодувањето било оправдано, според Клуни, сепак, тој призна дека би пристапил поинаку на ситуацијата.

“Вие сте во позиција на моќ и е незгодно. Вие имате одговорност за сите други и тој е апсолутно во право за тоа. Ако продукцијата се намали, многу луѓе остануваат без работа. Луѓето треба да го разберат тоа и да бидат одговорни. Едноставно, не е мој стил на тој начин да ги водам сите на задача,“ рече Клуни.

„Мислам дека не помага да укажувате на специфични луѓе на тој начин … но, секој има свој стил. Луѓето кои беа таму ќе ни кажат повеќе за тоа. Јас разбирам зошто го стори тоа. Тој воопшто не греши. Не знам дали ќе постапев исто така, но не ги знам сите околности, можеби тој се соочил со таква ситуација 10 или 15 пати претходно “.

Се чини дека напнатоста сè уште расте на снимањето на „Мисија: невозможно“, бидејќи „Сан“ во средата ја објави веста дека пет члена на екипата дале отказ по тирадата на Круз.

Scroll to Top