Џорџ Клуни бил хоспитализиран поради нагло губење тежина за филм

пред 3 години

Џорџ Клуни требало да лета на Арктикот за да глуми и да го режира филмот „Полноќно небо“, но неколку дена пред да почне снимањето тој бил пренесен во болница со силни болки во стомакот.

Лекарите веднаш воспоставиле дијагноза – панкреатит – воспаление на панкреасот што може да биде опасно по живот.

59-годишиот актер, кој изгуби речиси 30 килограми за филмот, рече: „Мислам дека премногу се трудев да ослабам набрзина, и веројатно не се грижев за себе и за моето здравје“.

По излегувањето од болница, холивудскиот актер сè уште не се чувствувал сосема добро, што го направи снимањето на филмот уште потешко.

„Потребни беа неколку недели за да бидам подобар, и како режисер, не е толку лесно затоа што ви треба енергија,“ изјавил Клуни.

„Бевме на глечер во Финска, што ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна за улогата. Ова е поголемо од сè што сум правел претходно. Но, беше забавно.“

Scroll to Top