Идната недела три дена ограничено снабдување со гас, ќе се поправа гасоводот кон Бугарија

пред 4 години

Од вторник до четврток следната недела, односно од 27 до 29 октомври годинава, преку гасоводот ќе се транспортираат ограничени количини на природен гас кон корисниците, најави денеска компанијата ГА-МА, сопственичка на транспортниот гасоводен систем во земјава.

Како што информираат од компанијата, причина за намалениот транспорт на природен гас е изведување планирани ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ќе ги извршува бугарската комапнија „Булгартрнасгаз ЕАД“.

Scroll to Top