Пандемијата може да втурне 150 милиони луѓе во екстремна сиромаштија

пред 4 години

Поради пандемијата на коронавирусот, 150 милиони луѓе ширум светот може да потпаднат во екстремна сиромаштија до крајот на 2021 година, соопшти денеска Светската банка. Во својот двегодишен извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет, меѓународната финансиска институција наведе дека меѓу 88 и 115 милиони луѓе ќе западнат во екстремна сиромаштија или ќе живеат со помалку од 1,90 долари на ден во 2020 година. Со ова, би се поништил целиот напредок во намалувањето на сиромаштијата во последните три години, се вели во извештајот. Во него се наведува и дека бројот на крајно сиромашни луѓе во светот може да се искачи на 150 милиони до крајот на 2021 година. Тоа би значело дека оваа година 9,1-9,4 проценти од светското население ќе живее во екстремна сиромаштија, приближно исто како 9,2 проценти во 2017 година. Како што се наведува, тоа би било прво зголемување на процентот на екстремна сиромаштија во последните 20 години. Текстот Пандемијата може да втурне 150 милиони луѓе во екстремна сиромаштија е превземен од А1он .

Scroll to Top