Александра од „Брза кујна“ стана мајка

пред 3 години

Водителката Александра Илиевска, најпозната по водењето на кулинарското шоу „Брза кујна“, стана мајка. Таа доби ќерка, која ќе се вика Сара. Александра се породила на 23 јануари, а сега на на „Инстаграм“ објави фотка од подароци и балони во розова боја и откри дека веќе неколку дена е мајка.

„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е. Сара пристигна на 23.01.2021“, напиша водителката.

Александра, која е позната по тоа што не зборува многу за приватниот живот, долго време ја криеше бременоста од јавноста. „Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, кажа таа кога конечно откри дека чека бебе.

Scroll to Top