Раперката Ники Минаж стана мајка

пред 4 години

Американската пејачка и раперка Ники Минаж стана мајка. Таа откри дека се породила, но не го кажа името ни полот на бебето. Веста за бременоста Минаж ја објави на крајот на јули, кога објави неколку фотографии од бременоста на Инстаграм. „Љубов, брак и бременост. Јас сум исполнета со чувство на благодарност и возбуда. Ви благодарам на сите за вашите љубезни желби”, напиша тогаш раперката. Ова е прво дете за Минаж и нејзиниот маж Кенет Пети, нејзин пријател од детството. Ники и Кенет беа во врска кога таа имаше 16, а тој 21 година. Лани ја обновија врската и се венчаа. Ники потоа објави дека се повлекува од јавниот живот за да основа семејство.

Scroll to Top